ПРАВНА НАПОМЕНА
Информациите на оваа веб-страница се предмет на одрекување од одговорност, забелешка за авторски права (Copyleft) и заштита на лични податоци.
ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
Logopsycom, со даночен број (NIF): 0508 686 212, ја одржува оваа веб-страница со цел да обезбеди информации за проектот „YAIE – Youth AI Entrepreneurship“ (во натамошниот текст #YAIE) и неговите резултати, кои се создадени со финансиска поддршка од програмата ЕРАЗМУС+ на Европската Унија. Содржината на веб-страницата и публикациите на #YAIE е единствена одговорност на Logopsycom и партнерите на проектот, како што е наведено, и ни на кој начин не ги претставува ставовите на Европската комисија.
(Број на проект: 2024-2-RS01-KA220-YOU-B50AD8C2, времетраење: од 1 февруари 2025 до 28 февруари 2027)
Целта на Logopsycom е информациите на оваа веб-страница да бидат точни и ажурирани. Доколку се забележат грешки, ќе се потрудиме да ги исправиме. Сепак, Logopsycom не презема никаква одговорност во врска со информациите на оваа страница.
Овие информации се:
- Од општ карактер и не се наменети да се однесуваат на конкретни околности, на кој било поединец или правно лице;
- Не се нужно целосни, прецизни, точни или ажурирани;
- Понекогаш содржат врски до надворешни веб-страници над кои Logopsycom нема контрола и за кои не презема одговорност;
- Не претставуваат стручни или правни совети (доколку ви е потребен конкретен совет, секогаш консултирајте се со соодветно квалификуван професионалец).
Нашата цел е да го минимизираме влијанието од технички грешки. Сепак, некои податоци или информации можат да бидат создадени или прикажани во формати кои не се целосно без грешки. Не можеме да гарантираме дека користењето на веб-страницата нема да биде прекинато или технички нарушено. Logopsycom не сноси одговорност за евентуални проблеми настанати при користење на оваа веб-страница или на било која поврзана надворешна страница.
Ова одрекување од одговорност не е наменето да ја ограничи одговорноста на Logopsycom спротивно на националните закони, ниту да ја исклучи одговорноста за прашања кои според закон не можат да бидат исклучени.
ВЕБ-СТРАНИЦИ НА ТРЕТИ СТРАНИ
Оваа веб-страница содржи линкови до веб-страници на трети страни врз кои Logopsycom нема контрола. Logopsycom не презема никаква одговорност за нивната содржина. Пристапот до такви веб-страници го правите на сопствен ризик. Logopsycom не гарантира за точноста на податоците, мислењата, советите или изјавите дадени на тие страници. Вклучувањето на линкови не претставува препорака или поддршка од страна на Logopsycom.
ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НА ТРЕТИ СТРАНИ
Веб-страницата на #YAIE може да споменува производи и услуги од трети страни исклучиво во информативни цели. Logopsycom не препорачува и не поддржува никакви производи или услуги од трети страни. Сите спомнувања се дадени „такви какви што се“, без гаранција од било каков вид – изразена или имплицитна.
Со оглед на тоа што Logopsycom нема контрола врз политиките на приватност на тие страници, ве охрабруваме да ги прочитате нивните политики за заштита на лични податоци.
КОЛАЧИЊА (COOKIES)
Оваа веб-страница користи колачиња (cookies) за да го подобри Вашето корисничко искуство при прелистување. Неопходните колачиња се складираат автоматски бидејќи се суштински за функционалноста на страницата. Исто така, користиме колачиња од трети страни кои ни помагаат да разбереме како ја користите страницата. Овие колачиња ќе бидат активирани само со Ваша согласност. Имате можност да одбиете одредени колачиња, но тоа може да влијае на корисничкото искуство.
Известување за Copyleft
Ова дело е лиценцирано според Creative Commons License: Attribution – NonCommercial – ShareAlike 4.0 International
CC BY–NC–SA 4.0
Освен ако не е поинаку наведено, слободно можете да:
🔹 Споделувате – копирате и ре-дистрибуирате го материјалот во кој било медиум или формат
🔹 Прилагодувате – ре-миксирате, трансформирате и го надградувате материјалот
Овие слободи не можат да бидат укинати од давателот на лиценцата сè додека ги почитувате следните услови:
Услови:
Признание (Attribution) – Мора да дадете соодветно признание, да обезбедите линк до лиценцата и да наведете дали направивте измени. Можете да го направите тоа на разумен начин, но не на начин што би укажал дека лиценцодавателот ве поддржува Вас или Вашата употреба.
Некомерцијално (Non-commercial) – Не смеете да го користите материјалот за комерцијални цели.
Споделување под исти услови (ShareAlike) – Ако го ре-миксирате, трансформирате или надградувате материјалот, мора да ги дистрибуирате вашите придонеси под иста лиценца како оригиналот.
Репродукцијата на содржината од #YAIE веб-страницата и проектните резултати е дозволена, доколку се наведе изворот (освен ако не е поинаку наведено), под услов содржината и значењето да не бидат изменети или искривени, и само за некомерцијална употреба.
Доколку за репродукција или користење на текстуални или мултимедијални информации (звук, слики, софтвер и сл.) е потребна претходна дозвола, тогаш таа дозвола ги поништува горенаведените општи услови и јасно ќе ги наведе сите ограничувања за користење.
Политика за известување и отстранување на содржина
При објавување на материјали онлајн, партнерите на проектот #YAIE постапуваат со добра намера. Сепак, и покрај преземените мерки за заштита, свесни сме дека одвреме-навреме може да се појави содржина што:
- ги прекршува авторските права,
- содржи чувствителни лични податоци,
- или може да се смета за непристојна или клеветничка.
Доколку сметате дека сте пронашле материјал на нашата веб-страница кој:
- е објавен без ваша дозвола,
- ги крши законите за приватност,
- е навредлив, клеветнички или непристоен,
- или ги крши авторските права и не е опфатен со законски исклучок,
Ве молиме испратете ни е-пошта со следниве информации:
- Вашите контакт податоци
- Детални информации за спорниот материјал
- Точната и целосна URL-адреса каде што е објавен материјалот
- Доколку се работи за авторски права, доказ дека сте носител на правото и изјава под полна одговорност дека вие сте носителот на правото или овластен претставник
- Причина за барањето (на пр. прекршување на авторски права, приватност, заштита на податоци, клевета, непристојност итн.)
📧 Е-пошта за контакт: info@logopsycom.com
По приемот на известувањето, се применува „Известување и отстранување“ постапката, како што следува:
- Ќе потврдиме дека сме го примиле вашето барање преку е-пошта и ќе направиме првична проценка за валидноста и основаноста на жалбата.
- Ако жалбата е основана, спорниот материјал привремено ќе биде отстранет од веб-страницата додека не се најде соодветно решение.
- Ќе го контактираме авторот/поставувачот на материјалот (доколку е применливо) и ќе го информираме за жалбата, основите за истата и ќе го охрабриме да помогне во разрешување на ситуацијата.
- Двете страни – подносителот на жалбата и авторот – ќе бидат поттикнати да најдат брзо и пријателско решение, прифатливо за двете страни.
Заштита на лични податоци
Logopsycom е посветен на заштитата на приватноста на корисниците. Иако можете да ја прелистувате веб-страницата на проектот без да давате лични информации, доколку се претплатите на нашиот билтен и/или се регистрирате за настан, потребно е да наведете лични податоци како што се име и е-пошта, за да можеме да ви ги обезбедиме бараните услуги.
Нашата Политика за приватност (privacy policy) е усогласена со Општата регулатива за заштита на личните податоци (General Data Protection Regulation GDPR). Во тој контекст, ве информираме дека вашето име и адреса на е-пошта ќе бидат зачувани во нашата база на податоци, архивирана под името „CONTACTS“, со единствена цел – да ви ги доставиме е-услугите на кои се претплатувате преку веб-страницата на #YAIE.
Во согласност со гореспоменатите закони, имате право да ги измeните или избришете вашите лични податоци кои ги чуваме, така што ќе ни испратите барање преку е-пошта на: info@logopsycom.com, или по пошта на адреса:
Logopsycom, Rue Gabriel Petit, 15, 7022 Mons, Belgium
Вашите податоци ќе се чуваат само за потребите на услугите за кои сте се пријавиле. Нема да бидат споделувани со трети страни.